Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јуни 2007
Кампувањето на езерото Младост ќе изнесува 50 денари од ден одлучи Советот на општината Велес.
Висината на надоместокот ќе се намалува со времето минато на кампување, така што доколку некој се реши да летува три месеци е 3,5 илјади а за четири месеци ќе плати 4,5 илјади денари.
Во надоместокот пресметано е користење на површината, уличното осветлување и користењето на подвижните санитарни јазли.
Локалната власт најави дека следната сезона ќе бидат во можност на секој кампер да му понудат вода и струја.
На камперите, кои ќе можат да поставуваат камп приколки или шатори, им се нудат 60 парцели. Собраните средства ќе бидат приход на општината а оваа одука е донесена во консултации со Министерството за транспорт и врски.
До минатото лето, на велешкото езеро летуваа илјадници одморци, но тие не плаќаа никаков надоместок ниту пак имаа услови за кампување а го узурпираа крајбрежниот појас. Годинава сите тие се објекти се отстранети.

Tweet |